Собрание

Павле Богоевски: Груевски како пратеник ќе биде вo затвор и ќе зема пратеничка плата

Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор, напиша на својот фејсбук-профил пратеникот Павле Богоевски, кој е претседател на собраниската на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Оваа Комисија пред два дена одлучи да му се одземе мандатот на пратеникот Груевски по правосилното решение за двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

„Барем додека не му се соберат пет години и автоматски не му го земеме мандатот врз таа основа“, додаде Богоевски.

Со петгодишна затворска казна на пратеник во Собранието на Република Македонија по автоматизам му се одзема мандатот.

На денешната собраниска седница не му е одземен мандатот на Груевски затоа што за таа предлог-одлука не гласаа 80 пратеници, немаше двотретинско мнозинство.

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе