Собрание

Пауза во Собранието, Заев повика на помирување и приближување на ставовите, од тоа засега ништо

Пратениците на СДСМ и на владината коалиција и оние од опозицијата и натаму се далеку од какво било приближување на ставовите во однос на предложените уставни измени од страна на власта. Засега барем, секој си останува во својот ров - пратениците од владината коалиција се за уставни промени, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против.

Во дискусиите, опозициските пратеници главно забележуваат на некооперативноста на владините преговарачи за договорот со Грција со опозицијата, немањето никакви консултации и едностарно донесените одлуки во однос на потпишувањето на договорот во Преспа и почнувањето на процесот на промена на Уставот. Освен тоа тие сметаат дека референдумот најдобро го покажа расположението на граѓаните за промената на името, за ерга омнес употребата на името и за сите отстапки кои Македонија ги потпиша во однос на Грција со договорот во Преспа.

Пратениците на СДСМ упорно го повторуваат фактот дека е ова историска шанса за земјава која не смее да се пропушти, затоа што неприфаќањето на договорот од Преспа, според нив, ќе значи неизвесност, бесперспективност, изолација, небиднина...

Премиерот Заев во една од репликите рече дека владините преговарачи редовно ги информираа претставниците на опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ навремено ги имаше сите podatoci за текот на разговорите со Грција.

„На пример за предлогот Илинденска Македонија, претседателот Иванов имаше повеќе разбирање, отколку Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој веднаш го одби овој предлог. Затоа тој предлог пропадна. За нас и натаму пред сѐ е иднината и просперитетот на оваа земја, а не нашите политички кариери“, рече Заев.

Седницата продолжува во 15 часот, а за дискусија се пријавени шеесетина пратеници.

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе