Пауновски: Патот на одбрана на професионалноста на институцијата со која раководев не наидоа на разбирање

Стојко Пауновски кој денеска беше расрешен од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат на својот Фејсбук профил израз огромна благодарност до сите граѓани кои, како што напиша, во мојот "пркос" ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.

„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски на Фејсбук.
 
Во соопштението од владината прес-служба беше наведено дека Пауновски е разрешен поради  неговото непрофесионално однесување.
 
„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко  Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според  Законот за Државен пазарен инспекторат“, стои во соопштението од владината прес-служба.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе