Пауновски: Нови вработувања на инспектори в година, дотогаш ќе се снаоѓаме како умееме

Владата ветила дека наредната година ќе има 20 нови вработувања во Државниот пазарен инспекторат, а дотогаш ќе се снаоѓаат како умеат, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција, додавајќи дека работите тргнале од мртва точка.

не само за пазарниот, туку и за другите инспекторати, направена е анализа за потреба на нови инспектори. Ние можеби имаме вишок администрација, од која не можеме да земеме кадар за инспекцискиот оддел. Она што Владата го презема е дека наредната година ќе ни излезе во пресрет и ние ќе ги добиеме барем тие 20 нови вработувања, претежно на инспектори. Молиме бога инспекторите да бидат живи и здрави и да ги завршат работните задачи. Сѐ што ни е дадено како задача максимално се трудиме да го испочитуваме. Нема место каде што требало да се направи контрола, а не сме ја направиле“, рече Пауновски.

Во последната недела, како што рече, намалени се и кривичните пријави, бидејќи и луѓето сфатиле дека инспекторите се на терен, дека треба да ги почитуваат протоколите. Според Пауновски, она што се случува со прекубројноста на новозаразени и починатите, почна полека да ја враќа свеста кај граѓаните и кај стопанските субјекти кои се предмет на инспекциските контроли.

Инаку, Државниот пазарен инспекторат во периодот од 19 до 25 октомври направил 2.523 контроли и 613 вонредни надзори за непочитување на мерките и прекршување на Законите. Поднесени се 19 прекршочни пријави и 8 кривични пријави.

„Од кривичните пријави, три се за организираните свадби и веселби во Тетово, Боговиње и Гостивар. Останатите пет кривични пријави, од кои четири се за угостителски објекти во Гостивар, еден во Скопје, се поради непочитување на протоколите за работа на угостителски објекти особено во делот на бројот на поставени маси, растојанието меѓу масите и носење маски од вработените“, соопшти Магдалена Филиповска – Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет.

Во истиот период инспекторите донеле 66 решенија и 29 прекршочни платни налози за прекршување на Законите за забрането пушење, угостителска дејност и заштита на потрошувачи.

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе