Државен пазарен инспекторат

Пауновски чека официјално разрешување, инспекторите - нов директор и плата

Владата сѐ уште нема замена за разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, а нема најава ни дали тоа ќе се случи и на денешната владина седница.

Во меѓувреме, Пауновски не оди на работа во Инспекторатот и, како што ни изјави, чека решение од Владата дека е разрешен или неговото разрешување да биде официјално објавено во Службен весник, па потоа да може да се пријави на старото работно место во Регионалната дирекција на УЈП во Тетово, од каде и што дојде во Пазарниот инспекторат.

На прашање до Владата кога ќе се назначи нов директор на ДПИ, кусо ни одговорија дека нема нови информации, а кога ќе има ќе ја известат јавноста.

И додека се чека нов директор, инспекторите функционираат самостојно. Оттаму велат дека нема застој во работата, но бидејќи нема заменик не можат да добијат ниту плата, ниту прекувремена работа, ниту добиваат налози за работа. И денеска да се назначи в.д. директор треба да помине можеби една недела за да се заврши целата административна процедура, што значи плата нема да добијат уште десетина дена, иако досега тоа било од 1 до 3 во месецот.

А за приемот на распределените 35 „рамковни“ вработени, сепак ќе мора да се менува систематизацијата, како што тврдеше и Пауновски. Од Инспекторатот остануваат на ставот дека оние што можат да бидат примени се 12-13 луѓе, а ако бидат примени сите 35 со досегашниот број на вработени од 240 лица, значи дека наеднаш за 15 отсто ќе се зголеми обемот на работа на администрација, а во Инспекторатот не треба администрација.

Дополнително тука е прашањето за соодветното образование, а велат дека не е тајна оти некои од ти 35-мина си имаат и приватни бизниси.

Пркосот кон Владата, како што рече премиерот Зоран Заев или непрофесионалното однесување согласно Кодексот за етичко однесување на владините членови, беше причината да се разреши Пауновски кој беше директор на ДПИ од 2018 година.

За негово останување на функцијата не помогна ни петицијата од инспекторите кои пред Заев ги образложија причините зошто Пауновски треба да остане на функцијата директор.

Ж.П.Б.

 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе