Во интервју за Политика

Патријархот Вартоломеј вели дека за МПЦ нема да има промени, таа е под канонска јурисдикција на СПЦ

Вселенскиот патријарх Вартоломеј рече дека Цариградската патријаршија нема намера да го менува Уставот на Српската православна црква (СПЦ) и нејзините граници, иако некои го поистоветија случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, кога на некои локални црковни структури им беше дадена автокефалија и покрај спротивставувањето на Руската православна црква.

„Во овој момент, за жал, постојат многу дезинформации. Некои го изедначуваат случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, и тоа го прават многу вешто, затоа што сакаат да ја свртат СПЦ против Цариградската патријаршија", рече патријархот Вартоломеј за Политика.

Тој рече дека „многу епископи на Српската православна црква се плашат дека она што се случи таму ќе се повтори и во Црна Гора и во Охрид. Можам да ве уверам дека работите не се такви."

„Разликата во однос на Украина, канонски и еклисиолошки (црковно) е во тоа што Русија ја окупирала митрополијата на Киев, таа никогаш не ѝ беше дадена, а сѐ што има Србија ѝ припаѓа неа, и црковно и канонски. Вселенската патријаршија нема намера да го менува Уставот на СПЦ, ниту нејзините граници, доколку тоа не е проследено со договор и соработка“, изјави Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Руската православна црква го обвини патријархот Вартоломеј дека „упадна" во канонската територија на Украина и дека на расколнички црковни организации, надвор од секакви правила, им даде автокефалност.

За РПЦ, а тоа е и ставот на СПЦ, единствената канонска црква во оваа област е  Украинската православна црква, која работи во рамките на Московската патријаршија како автономна.

Оваа есен на покана на СПЦ во Белград ќе допатува Вартоломеј на прослава на осумте векови од осветувањето на Свети Сава.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе