Патријархот Неофит: Ќе направиме сѐ за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит.

„Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе се оди кон радост. Ќе направиме сѐ што е неопходно, со Божја помош, радоста на нашите браќа од Македонија да биде целосна“, изјави патријархот Неофит одговорајќи на прашање на БГНЕС на какво ниво се односите и дали бугарската црква ќе продолжи да ѝ помага на црквата во Северна Македонија.

Патријархот Неофит денеска служеше архиерејска литургија во храмот „Света Софија“ по повод христијанскиот празник Благовештание.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе