Средба Заев - принцот Едвард

Партнерството со Велика Британија ќе продолжии и во иднина

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на неговото височество принцот Едвард на Македонија.

На вечерата, како што стои во соопштението од владината прес служба, премиерот Заев и принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.

Во своето обраќање, неговото височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета.

На вечерата премиерот Заев и принцот Едвард изразиле согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе