Алити на новинарcко прашање пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030 рече дека врз база на законите се обидуваат да создадат механизам со кој институциите ќе бидат поефикасни во делот на нови вработувања.
„Поголемиот дел во јавната администрација се во образованието, во здравството и во општините, каде директно ние како централна власт не можеме да имаме импакт, но индиректно да, со нашите закони што ги имаме како министерство. Поточно, со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници се обидуваме да поставиме механизми и инструменти кои ќе им олеснат на институциите да бидат поефикасни во делот на нови вработувањата“, изјави Алити.
Според министерот, за да има системско решение во делот на регрутирање на вработените, целта е процесот на вработување да се одвива потранспарентно, односно да нема можност првиот човек на институцијата да вработува партиски послушници, да му е тешко или во идеална ситуација невозможно тоа да го стори.
„Ние сите како општество треба да се залагаме да нема институции кои вработуваат само за политичката партија“, потенцираше Алити.