Maринка Тепиќ
Македонската партија на Србија најостро ги осуди изјавите на Бокан кој на ТВ Пинк за опозициската политичарка Маринка Тепиќ рече дека е национален непријател кој ја мрази Србија поради нејзиното национално потекло.
Партијата бара од надлежните државни органи итно да ги преземат законски пропишаните мерки против ТВ Пинк, како и надлежното Обвинителство да поведе кривична постапка против Драгослав Бокан за кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост.
„Сметаме дека е срамно на ваков начин да се таргетираат претставници на опозицијата кои се припадници на националните малцинства“, се вели во соопштението на Партијата на Македонците во Србија во кое се додава дека ваквите изјави дадени на националните телевизии предизвикуваат вознемиреност и страв кај припадниците на националните малцинства кои се опозициски ориентирани.
На изјавите на Бокан реагираше и Националниот совет на Ромаците кои осудуваат говор на омраза од секаков вид.
На ТВ Пинк, Бокан изјави дека потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, е припадник на национално малцинство кое ја мрази Србија и српскиот народ, кое се приклучило на „антисрпската“ организација на Ненад Чанак кога таа беше млада.
„Тепиќ учеше романски јазик. Тој е од романско семејство. Мајка Романка, татко Романец, работела во романска организација, а таа е наш непријател! Таа е национален непријател, не само идеолошки и политички“, рече Бокан.