Пред изборите кај северниот сосед

Партијата на Македонците од Србија, која бараше извинување од Брнабиќ, дел од опозициска коалиција

Партијата на Македонците од Србија е дел од изборната листа „Maринка Тепиќ – Обединети за победа на Србија“. Во една прилика лидерот на партијата Горан Илијевски ѝ порача на српската власт: „По сите навреди од страна на член на српската влада, не очекувајте ниту еден глас од Македонците во Србија бидејќи со својата арогантна и националистичка политика тоа не го заслужувате“. Неговата изјава преку соопштение беше адресирана пред се до премирката Ана Брнабиќ и министерот за одбрана Александар Вулин.

Дикректниот повод беше изјавата на Вулин со која тој рече дека македонскиот претседател Стево Пендаровски „може слободно да молчи на јазикот кој никој, освен Србија, не го признава“, а како коментар на противењето на Пендаровски на идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, пишува српски „Данас“.

Денес партијата на Илијевски е членка на листата „Маринка Тепиќ - Обединети за победа на Србија“..

Демократската партија и Партијата на Македонците од Србија во 2020 година постигнаа договор за заедничко дејствување. Партиските лидери Зоран Лутовац и Горан Илијевски со договорот се обврзаа на заедничка борба за слободно општество, беше наведено во соопштението на Демократската партија.

Во програмата на Партијата на Македонците е наведено дека се залагаат за демократизација на општеството, за права на македонското малцинство, за школување на мајчин македонски јазик, дека не сакаат асимилација ниту пак да заминат од Србија, туку еднакви права и слободи за сите граѓани. Со демократите се обврзаа на што побрза изградба на цивилното општество во Србија.

Партијата на Македонците во регистерот на политички партии е запишана на 29 февруари 2016 година.

Претседателот на партијата Илијевски во едно гостување на телевизијата Н1 рече дека во Србија се создава невистинита слика за Македонците. Тој го постави прашањето дали некој во Србија објавил дека Македонија не гласала за прием на Косово во Светската организација на студентските универзијади, а дека Русија и Кина гласале за прием и рече дека српските медиуми се тенденциозни и кон (тогашниот) премиер Зоран Заев. Илијевски претходно предупредувал и на ненаменско трошење на пари кои од државата ги добива Националниот совет на Македонците.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе