Парламентот на Романија го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

На ратификацијата во Букурешт присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој имаше обраќање пред романските пратеници.

Романија денеска уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност, пријателство и поддршка кон Република Северна Македонија за остварување на нејзината евроатланска определба, овозможувајќи една кохерентност и заедничка иднина. Дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на нашите граѓани, чест ни е што сте наши вистински пријатели и партнери“, изјави Џафери.

Романија е седма земја членка на НАТО што го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

Утре Протоколот треба да биде ратификуван и во Литванија. Како што е најавено, Џафери од Букурешт заминува за Вилнус каде што ќе има обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

Земјите-членки на НАТО на 6 – ти февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе