Позитивен сигнал

Парламентот на Холандија не поддржа блокирање на преговорите на Македонија со ЕУ

Холандскиот парламент синоќа изгласа резолуција со која се бара од владата на премиерот Марк Руте да не поддржи почеток на пристапни преговори за ЕУ со Албанија, но ја отфрли истата ваква резолуција за Северна Македонија, што ја предложи опозициската Социјалистичка партија.

Ваквиот потег може да се толкува како порака од холандскиот Парламент до Владата дека во Советот на ЕУ може да поддржи старт на пристапни преговори со Македонија, но не и во пакет со Албанија.

Со Резолуцијата се бара да не се отворат преговорите со Тирана годинава, главно поради недоволен напредок во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата. За оваа Резолуција гласаа три од петте владејачки партии. 

Претходно и холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок рече дека  отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука.

Парламентот во Холандија вчера гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од вкупно 150 пратеници во парламентот.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе