Парламентот на Чешка гласаше „за“ прием на Македонија во НАТО, Заев изрази благодарност

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

На седницата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Премиерот Зоран Заев денеска на твитер изрази благодарност до Парламентот, Владата и граѓаните на Чешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

„Длабоко сум благодарен на Парламентот, Владата и граѓаните на Чешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО за Северна Македонија. Стабилен Западен Балкан е во интерес на ЕУ, особено во однос на геополитиката, економијата и безбедноста“, напиша Заев.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе