Законски измени

Паричниот надомест за уште 1.100 стечајни работници на собраниска комисија

Овозможувањето материјален надомест за уште 1.100 стечајни работници е дел од законските измени за кои што денеска треба да расправа собраниската Комисија за труд и социјална политика во второ читање, по скратена постапка.

Овие измени предвидуваат уште 1.100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, да можат да добијат право на месечен надомест до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж. Со новиот Предлог-закон за стечајци се зголемува опфатот за дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надомест во износ од 9.242 денари.

Во образложението на измените, од Владата и од МТСП посочија дека досега со неколку законски решенија бил обезбеден финансиски надомест за 11.420  невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост.

Со последните измени вкупно 13.000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање или до вработување.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе