Брифинг на портпарол на грчкото МНР

Папајоану: Ја поддржуваме Северна Македонија, ЕУ - интеграцијата на Западен Балкан е еднонасочен пат

„Грција ја подджува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ со исполнување на познатите услови и се надева дека најбрзо што е можно ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ- Северна Македонија. Континуирано и интензивно работиме, заедно со Романија, поранешната земја претседавач Португалија и со Словфенија како земја претседавач со ЕУ за зајакнување на европската перспектива на Западен Балкан“, изјави портаролот на грчката дипломатија Александрос Папајоану.

Папајоану рече дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат во една насока затоа што тоа е „во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот, како на регионот, така и на Грција".

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, за детали околу овие активности и дали во овој контекст се планирани конкретни иницијативи, портпаролот рече дека Грција уште во јануари минатата година го покренала прашањето Западен Балкан одново да се најде на агендата на Унијата, а дека  во мај годинава првпат се дискутираше по пауза од една-една и пол година. Сега, како што нагласи, со словенечкото претседателство одново е потенцирано конкретното прашање во пресрет на Самитот ЕУ - Западен Балкан.

„И за време на посетата на Северна Макдонија, Дендиас, јасно повтори дека ја поддржуваме европската перспектива. Тоа беше една од основните теми за кои Дендиас разговараше со сите негови соговорници во Скопје. Секако, рековме дека ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме и да ѝ нудиме на Северна Македонија техничка помош во функција на нејзината европска перспектива. Тоа со задоволство беше прифатено од страна на Северна Македонија. Кажавме дека сме на ваша страна, сакаме да ви помогнеме, да продолжиме со помошта, која трае од 2012 година“, рече Папајоану.

Говорејќи за посетата на шефот на грчката дипломатија на Скопје, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека станало збор како за билатералните односи, така и за Договорот од Преспа.

„Во Скопје детално беа разгледани билатералните односи во целина, како и перспективите за нивно дополнително зајакнување. Секако од грчка страна беше потенцирано дека целосното, доследното и со добра волја спроведувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов, како за зајакнување билатералните односи, така и на европската перспектива на земјата“, истакна Папајоану.

Денешниот брифинг во грчкото МНР беше прв со физичко присуство на акредитираните новинари и странски дописници по пауза од неколку месеци, се вели во јавувањето на дописничката.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе