Панова од ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку наводна хуманитарна помош врши поткуп на гласачи во Струмица

Струмичката и целата македонска јавност вчера беше сведок на видео за организиран поткуп, кој се случува во пресрет на изборите. Јавна тајна е дека ова организирано делење на пакети кој владеачката партија го нарекува хуманитарна помош, а кое за целиот разумен свет е поткуп, е начин на кој СДСМ купува гласови. Она за што зборувавме, посочувавме, предупредувавме во изминатиот период гледаме и со видео како се случува, изјави денеска Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е и знак на огромна слабост. Штом луѓето на Заев се осмелуваат да делат поткуп значи дека се свесни дека немаат резултати и дека губат. Сега е јасно дека хибридниот режим на Заев сака да се оддржи преку нелегални механизми. Во која тоа нормална држава се дели хуманитарна помош по списоци? Тоа е газење на човечкото достоинство, но воедно и злоупотреба на човечки судбини. Освен поткуп таму гледаме и загрозување на здравјето на луѓето. Без било каква заштита се групираат луѓе, се делат пакети по список направен од седиштето на СДСМ.

Ги повикувам надлежните институции итно да превземат мерки, да ја спречат масовната корупција што се случува не само во општина Струмица, туку на територијата на цела држава. Изминатиов период членовите на СДСМ масовно делат пакети со храна на ранливи категории на луѓе злоупотребувајќи ја нивната незавидна положба. Јавно ги повикувам институциите до крај да ги истражат следниве околности: кој врши набавка на прехранбените производи, кој ги плаќа прехранбените производи, кој ги дава списоците на семејства од ранливи категории каде таргетирано се делат пакетите.

Предлагам итно на распит да се повикаат сите инволвирани лица од т.н. акција делење на „хуманитарна помош“. Воедно прашувам до каде сте со истрагата за пакетите кои ги запленивте во Струмица.  Ги охрабрувам сите граѓани кои имаат информации за масовниот поткуп да се обратат до МВР и обвинителството бидејќи ова лудило мора да престане.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се занимава со понуда за подобар живот, а СДСМ и Заев со поткуп“, изјави Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе