Изјава од ВМРО-ДПМНЕ

Пандов: Заев како на тезга, продава јазик, идентитет, историја...

Предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров доведе до тоа денес цела Македонија да е претворена во тезга на која едно евро чинат македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изјави Алексадар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме македонскиот народ и сите останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпише, како што тоа го нарекува неговиот министер за надворешни работи Османи, некаков патоказ, рече Пандов.

„ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да нѐ доведе да го изгубиме македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет“, изјави Пандов пред зградата на Владата.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе