Пандаровски ги повика институциите да реагираат: „Јавна соба„ остава трајни последици и ја крши приватноста на илјадници жени и девојчиња

Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија. Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба", случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи, вели во изјава за МИА претседателот на државата Стево Пендаровски.

Шефот на државата потенцира дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон.

„Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок. Доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви. Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!, вели Пендаровки, коментирајќи го случајот со „Јавна соба".

Случајот повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

ОД МВР вчера потврдија дека Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при презема мерки за расчистување на случајот.

„Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, нагласија вчера од МВР.

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни .

Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе