По одлуката за суспендирање

Панчевски се пожали: Како партал бев избркан од канцеларијата и од судот

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, по вчерашната одлука на Судскиот совет за негово суспендирање, откако беше обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, односно за делење на предмети на рака на судии, на Фејсбук се пожали дека денеска бил исфрлен од канцеларијата во судот.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за која било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.

Така функционира овој криминален систем!

Тоа е таа ‘благодарност‘ на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!

Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска!“, напиша Панчевски на неговиот Фејсбук профил.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе