По средбата со Заев

Палмер: За европската перспектива на Северна Македонија ќе разговараме и со нашите европски партнери

САД се пријател и партнер на Северна Македонија и остануваат посветени на унапредување на односите со земјата и на нејзината европска интеграција, во која се вклучени и двата процеса, членството во НАТО и во Европската унија, е пораката што ја испратил високиот американски претставник Метју Палмер за време на престојот во Скопје.

Палмер изминатите три дена имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска и со премиерот Зоран Заев.

„Пораката е дека САД се партнер и пријател на Северна Македонија, ние сме посветени на оваа релација со Северна Македонија и на нејзината европска интеграција, што ги вклучува и НАТО и ЕУ. Патот на Северна Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ едвај го чекаме партнерството со властите во Скопје и со тие во Унијата“, рече Палмер по средбата со премиерот Заев.

Тој информираше дека за време на неговата посета била реафирмирана желбата за европската перспектива на Северна Македонија.

„Тоа го разјаснивме тука во Скопје, тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери“, изјави Палмер и потсети дека имал средба и со амбасадорите на земјите од ЈИЕ, на која била споделени перспективите за натамошниот развој на регионот.

За време на средбите во Скопје, како што кажа, имал конструктивни разговори за неодамнешните случувања во земјата, во Брисел и во регионот.

Во врска со Договорот од Преспа тој рече дека САД продолжуваат да го поддржуваат и нагласи дека е многу важен за безбедноста и стабилноста на целиот регион.

Палмер додаде дека изразил задоволство од ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД и дека Вашингтон со нетрпение чека земјата да стане 30-та членка на НАТО.

 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе