Палмер: Силна поддршка на САД за Северна Македонија и нејзиниот европски пат и перспектива

Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната поддршка на САД за Северна Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива, порача денеска специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Тој, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, изрази задоволство што е повторно во Скопје и како што рече, има можност да се види со пријатели и да разговара за последните случувања во регионот и Европа.

Доаѓам веднаш по ратификацијата на протоколот за НАТО членство од американскиот Сенат. Ова е најповолно време да се биде тука, исто така, по неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Северна Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива, порача Палмер.

Ова е прва станица, рече Палмер, по што следува посета на Белград, Приштина и Атина.

За евроатлатнските перспективи на земјава, нејзиното извесно членство во НАТО, но и за интегрирањето во ЕУ, како и за регионално прашања разговарале Димитров и Палмер.

Зборувавме за извесното членство во НАТО и за тоа колку е важно да се отвори европското поглавје, за македонските интереси и за интересите на Вашингтон. Еднаш паднавме во замката на жртвата и разочарувањето во 2008 година и мислам дека нема тоа далеку да не одведе доколку пад паднеме.

Треба да бидеме упорни и да го тргнеме и последното оправдување, тоа е законот за јавното обвинителство. Да излеземе уште поподготвени и поупорни, рече Димитров и додаде дека е потребно да се најде начин како заеднички да се остварат и нашите интереси и оние на земјите-членки.

Додаде дека имаме заеднички интерес – тоа е региоот. – Не може Европа да биде стабилна и цврста ако регионот е ранлив, а наша задача е да најдеме сили тоа да го направиме, да најдеме сили да бидеме победници, а не жртви, рече Димитров.

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер денеска има средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот Стево Пендаровски. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе