Палмер: САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива

ЕУ направи историска грешка и испрати лоша порака за целиот регион со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска од Белград заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер.

„САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб во мај“, изјави Палмер на денешната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Палмер со оваа изјава ја започна прес-конференцијата, најавувајќи дека главна тема на состанокот со српскиот претседател била политичката ситуација во регионот и косовското прашање, поврзувајќи го ова со како што рече, „ставот на САД дека сакаат Западен Балкан да има европска перспектива“.

На ова изјава на Палмер, се надоврза и Вучиќ, кој изјави дека Србија се залага за соработка со земјите од Западен Балкан, што се гледа и преку продолжување на состаноците со Северна Македонија и Албанија, а потоа и со сите останати неделава во Охрид. Вучиќ денеска најави разговори со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, да се договорат за деталите, заблагодарувајќи се на поддршката од САД за идејата за т.н. мал Шенген.

„Отворено можам да кажам, дека САД ја поддржаа оваа идеја, која се заснова на четирите слободи на движење на стоки, луѓе, услуги и капитал и ние тука очекуваме и дополнителна поддршка и од Палмер и од САД воопшто“, изјави Вучиќ.

Говорејќи за прашањето околу Косово, Вучиќ изјави дека разговорите со Палмер биле „отворени и искрени“ и додаде дека е задоволен од нивната содржина.

„Задоволен сум што ги разгледавме сите спорни прашања, сите разлики што постојат меѓу нас, решени да изнајдеме решенија за во иднина што ќе значат подобри билатерални односи меѓу САД и Србија, но и конструктивен пристап и обид да се вратиме на дијалогот со Приштина, што е можно поскоро дијалог, рече Вучиќ“, додавајќи дека не сака за ова јавно да говори и дека се познати различните ставови на САД и на Србија за Косово.

Одговарајќи на новинарско прашање околу идната косовска Влада и правото на вклучување во неа на претставници на Српската листа, Палмер рече дека е јасно оти „Српската листа доби поддршка од мнозинството Срби во Косово и со тоа има право да биде преставена во косовската Влада“.

„За ова разговарав нашироко со лидерите во Косово и мислам дека е важно Србите да имаат можност да се изразат преку политичкиот процес“, порача Палмер.

За оваа прашање свој став изнесе и Вучиќ, кој рече дека Српската листа учествувала на изборите во Косово според Бриселскиот договор и добила повеќе од 95 проценти од гласовите на Србите, додавајќи дека „претставниците на Српската листа мора да бидат во Владата доколку тоа го сакаат“.

„Според косовскиот Устав, во Владата може да има и некои други Срби, но само ако ги добијат гласовите на Српската листа“, оцени српскиот претседател кој на прес-конференцијата упати покана до претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја посети Србија. 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе