Вашингтон

Палмер: Очекуваме влада која ќе ја води Северна Македонија напред кон ЕУ

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон, пренесува македонската редакција на Гласот на Америка.

„Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија“, рече Палмер.

САД, додаде, очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа. „Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Северна Македонија“, потенцира Палмер.

Тој нагласи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моменталното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на овие цели.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе