Скопје-Белград-Загреб

Палевски: По 9 месеци притвор во Србија по хрватска потерница, хрватскиот суд ме ослободи за еден ден

За фактура од 2,5 илјади евра и за неотварање на претходна постапка за стечај, завршив 9 месеци во затвор. Се разбира тоа е само обландата, причините се многу подлабоки, вели во изјавата за МКД.мк Љупчо Палевски, еден од основачите на движењето Трета политика, кој додека беше во Македонија силно ја критикуваше и власта и опозицијата. Тој од вчера е слободен граѓанин и се наоѓа во Хрватска и бара начин како да се врати во Македонија.

Љупчо Палевски

Хрватскиот обвинител во овинителниот акт бараше условна осуда, ја почнува приказната Палевски.

„Па МВР на Хрватска бара од МВР на Македонија да ми јави, да ме извести. МВР на Македонија го известува МВР на Хрватска дека сум недостапен. По ова Хрватска издава решение дека сум во бекство и црвена потерница преку Интерпол. На 9 септември 2019 година бев во Белград и сѐ беше во ред. Три дена подоцна на аеродром во Белград, пред да полетам за Москва, по потерница од Интерпол бев приведен. Осум месеци бев во затвор, а откако српските власти ме предадоа во Хрватска, за 7 дена сѐ се заврши. Цело време барав екстрадиција по итна постапка, но тие ме држеа не ме испорачуваа,  и така се собраа 9 месеци во притвор во Србија“, вели Палевски.

Во Хрватска ми пресудија за еден ден, долгот всушност не е мој, туку на хрватската фирма која е во стечај. Долгот беше платен уште веднаш кога ме затворија. Казната која обвибителот ја бара е помала од екстрадицијата и така истиот ден на првото рочиште ме пуштија затоа што веќе сум ја одлежал казната и повеќе од што се барало. Сега треба да ја тужам Србија за притворот“, вели Палевски.

За целта на патувањето во Москва, Палевски вели дека била политичка, на покана од организација од Русија. „Тука е клучот за целата оваа работа“, рече Палевски, кој додаде дека тестот на коронавирусот му бил негативен и дека сега бара начин како да се врати.

А.Д.

Легенда под Главна слика

Љупчо Палевски

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе