Пак ништо ново од македонските и бугарските историчари, „исклучив пристап на колегите од Софија“

По исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка, соопшти македонското Министерство за надворешни работи по дводневната онлајн, 16-та по ред средба на членовите на Заедничката мултидсциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија.

Вчера и денеска членовите на Комисијата работеа и на усогласување на содржината на записниците од минатите средби. Наредната средба ќе се одржи на 24 и 25 февруари следната година.

Според соопштението на МНР вчера и денеска биле дискутирани неколку прашања важни за работата на Комисијата.

„Се дискутираше по забелешките за учебниците по историја. Остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата. Пристапот кој се заснова на позитивните европски искуства и препораките на Советот на Европа и УНЕСКО остануваат основа во работата на македонската страна во Комисијата и од тука произлегуваат главните недоразбирања со колегите од Софија, кои остануваат на исклучивиот пристап кој е туѓ на современото разбирање на историското образование кое подразбира мултиперспективен и интердисциплинарен пристап“, се вели во соопштението на македонското Министерство за надворешни работи.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе