„И морално и политичко прашање за ЕУ“

Пахор: Треба да најдеме начин Бугарија да ги деблокира преговорите на Македонија

Една од првите задачи при претседавањето на Словенија со ЕУ ќе биде деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија. Тоа е „морално прашање“, вели словенечкиот претседател Борут Пахор.

„Мислам дека треба да најдеме начин Бугарија да ѝ даде зелено светло на Македонија“, изјавил Пахор за словенечката новинска агенција СТА.

Според него, тоа сега е морално прашање за Европа, а не само политичко“.

„Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло“, вели Пахор, додавајќи дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично.

Напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, според Пахор, е важен за стабилноста на регионот и дека ситуацијата сериозно ја покажува неодамнешниот указ на американскиот претседател Џо Бајден за замрзнување на имотот и забрана на секој што придонесува за дестабилизација на тоа подрачје.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе