На средбата со Заев

Пахор: Се надевам дека Македонија ќе биде следна членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ

Словенија внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО и останува нејзин силен поддржувач во овие процеси, рече претседателот на Република Словенија Борут Пахор на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Пахор, како што соопшти владината прес-служба, искрено се надева дека многу брзо Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за почеток на пристапните преговори.

Заев на средбата истакнал дека владината коалиција во Македонија по локалните избори, чии резултати ја потврдија поддршката за актуелните политики, сега има обврска колку што е можно побргу и посолидно да ги продолжи почнатите реформски процеси.

„Настојуваме пред нашиот Парламент да настапиме со издржани и важни реформски закони во многу области за кои очекуваме и ќе стимулираме широка поддршка од политичките сили во парламентот. Наша определба е и да ја зајакнеме улогата на парламентот после политичката криза и да ја вратиме довербата во институциите“, изјавил Заев.

Тој исто така информирал дека во однос на евроатлантските аспирации се работи и се подготвуваат услови за политички консензус.

Македонскиот премиер во Љубљана имал средба и со претседателот на словенечкиот Државен збор Милан Брглез кого го информирал за најважните актуелни процеси во Република Македонија и нагласил дека охрабрувањата што ги доби Македонија се знак дека е избран вистинскиот пат и начин за решавање на суштинските прашања од интерес на граѓаните на Република Македонија. 

Брглез кажал дека неговата земја е секогаш подготвена на соработка и на проширување на односите и ја понудил целосната помош и поддршка во евроатлантските аспирации на Македонија. 

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе