Брисел

Паднаа во вода сите манипулации и шпекулации, денес говорев на македонски, рече Ковачевски

Денешниот ден е историски ден за нас, долгоочекуван и заслужен. Донесовме тешки одлуки кои бараа лидерство, храброст и мудрост. Ја донесовме конечната одлука  со која обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет и јазик. Ова е обезбедено засекогаш. За овие нешта не се преговара ниту ќе се преговара, порача премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Европскиот совет по завршувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ.

„Слушнавме се и сешто во Парламентот. Слушнавме недолични зборови од страна на некои политички партии од опозицијата. Меѓутоа мнозинството граѓани претставни преку своите претставници во Парламентот ја донесоа одлуката со која благодарение денес, а посел започнува скрининг процесот. Одговорноста е на пратениците од опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму. Ние кажавме дека ова е првиот чекор има многу чекори поинатаму до финалното зачленување во ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој повтори дека Собранието го донесе првиот чекори дека токму Собранието е место каде што треба да биде донесен и вториот, третиот, четвртиот чекор до финалното зачленување во ЕУ.

„Денес паднаа во вода сите манипулации, сите шпекулации. Се она што беше кажано, а не беше вистина. Денес Република Северна Македонија одржа прва меѓувладина конференција. Денес јас говорев на македонски јазик. Денес потпретседателот на ЕК зборуваше дека нашиот идентитет ќе стане посилен во ЕУ. Денес држам прес-конференција на македонски јазик. Денес на правата меѓувладина конференција сите земји членки го поздравија нашиот прв чекор кон полноправно членство во ЕУ. Одговорност е на сите политичари во државата да го поддржат тој пат затоа што тоа е единствениот пат за РСМ кон градење на поуспешна демократска, просперитетна иднина. Друга алтернатива нема“, изјави Ковачевски.

Според него, одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на државата и за иднината на идните генерации.

„Не смее политичар да мисли само на својот личен рејтинг и на својата политичка кариера. Се водевме од иднината на државата и донесување на одлука која ќе овозможи иднина и просперитет на државата. Верувам дека сите пратеници во Собранието ќе бидат одговорни и ќе бидат во служба на граѓаните“, порача премиерот.

Тој уште кажа дека се донесени тешки одлуки кои бараа лидерство и храброст, мудрост и одговорност, односно патриотски одлуки во интерес на иднината на нашите деца и државата.
„Овие државнички одлуки се вистински показател како се сака државата. Не постои поголем патриотизам од јасната визија и план за иднината, залагањето за просперитет на државата и на сите граѓани. Ја донесовме и конечната одлуката со која обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, и посебност. Европската Унија нѐ прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите, идентитетски, историски и културни особености. Ова е обезбедено засекогаш. За овие нешта ниту се преговара, ниту ќе се преговара“, додаде тој.
 

 

 Ж.П.Б.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе