Претседателски избори 2019

Отворени се 3.480 избирачки места во земјава

Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство, на кои се гласаше вчера.

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат 1.808.131 гласач во Македонија.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач.

Вториот круг за претседателските избори е закажан за две недели, на 5 мај. Изборната кампања за вториот круг завршува на 3 мај во 24 часот, по што следи изборен молк за вториот круг.

За предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе