Во амфитеатарот на Институтот ќе биде промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, и книгата „Македонски лингвисти“ од Иван Глигоровски.
На отворањето на манифестацијата за денеска најавено е обраќање на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и претседателот Стево Пендаровски.
Во вторник и в среда, по повод отворени денови на Институтот, ќе биде отворена Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, каде поздравни обраќања ќе имаат директорката Јованова-Грујовска, претседателка на Меѓународниот организациски одбор на Конференцијата Лидија Тантуровска и премиерот Зоран Заев.
В четврток, пак, ќе биде прикажана видеочеститка од научниот кадар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.