Отворен Почесниот конзулат на Унгарија во Штип, Данела Арсова ќе биде почесен конзул

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија, Бујар Османи и Петер Сијарто официјално го отворија Почесниот конзулат на Унгарија во Штип, а за почесен конзул е именувана Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.  

Како што кажа Османи, конзулатот кој ќе го покрива целиот источен регион на земјава ќе овозможи голем економски потенцијал и за унгарските инвеститори, но и потенцијал за домашните извозно ориентирани бизниси да ги искористат можностите на големиот унгарски пазар. За Арсовска, пак, додаде тој, оваа функција ќе биде уште еден предизвик преку кој ќе создаде услови за фелата од каде доаѓа, за бизнисите во земјава, за искористување на исклучително блиските односи кои ги негуваме со нашите пријатели од Унгарија.

„Уверен сум дека ние како политичари, нешто за кое со колегата Сијарто секогаш сме согласни, е дека мора да обезбедиме повеќе простор за развој на бизнисот, за прилив на нови странски инвестиции, за повеќе пазари за постојните бизниси, повеќе работни места, поголеми примања и сѐ она што преставува зголемување на економската активност и пред сѐ унапредување на економскиот стандард во најширока смисла на зборот", истакна Османи.

На билатералната средба меѓу Османи и Сијарто, која следеше по официјалното отворање на Почесниот конзулат, тие го поздравиле интензивниот политички дијалог и меѓусебна соработка, како и одличните билатерални односи и подготвеноста, покрај на политичката димензија, на нашите односи да биде додадена вредност и со многу други форми и активности на соработка, за што двете страни вложуваат напори.

На средбата се разговарало и за најновите состојби во процесот на европската интеграција на Македонија, беа разменети и други прашања од интерес за нашиот регион, регионалната соработка и безбедноста на нашите граници, како и ангажманите во rегионот на планот на придвижувањето кон Европската унија.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе