Отворен ден на вежбата „Одлучен удар” во Битола

Попладнево во Битола, на плоштадот „Гоце Делчев”, во рамки на активностите на воената вежба „Одлучен удар”, се одржа отворен ден за граѓаните, на кој беа прикажани дел од средствата, опремата и вежбовните активности што се изведуваат на оваа воена вежба во земјава.

Воената вежба „Одлучен удар” е најголемата воена вежба во историјата на нашата земја, со околу 2.700 војници, истакна претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, објави МИА.

„Посебна е честа што американскиот контингент е застапен со околу 40 проценти од учесниците на оваа мултинационална вежба или со над 1.200 американски војници, а тоа покажува дека стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД трае, успешно е, и е ефикасно. Со помош на САД очекувам до крајот на годината и формално да ја постигнеме нашата стратешка цел зацртана уште во 90-тите години, односно полноправно членство во НАТО, и во таа смисла можам да информирам дека процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите држави членки на НАТО оди со одлично темпо и ние се надеваме до 4 декември, до Самитот на НАТО во Лондон и формално да станеме 30 држава членка на НАТО”, рече Пендаровски.

Битолчани, преку директна комуникација со припадниците на армиите имаа можност поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите што ги извршуваат учесниците на вежбата.

Вежбата ја следеа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Фото: Тера

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе