Отворен Балкан - средба на лидерите во Охрид

Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид.

За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.

Според агендата, утре предивдени се официјални обраќања на самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи и заменик поошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На пленарната сесија „Отворен Балкан отворен туризам“ предвидени се обраќања на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ. Свои ставови ќе споделат претставниците на стопанските комори, а можност за дебата ќе имаат и директори на институции, тур-оператори, хотелиери….

На пленарната сесија посветена на Отворена култура на Отворен Балкан ќе се обрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерките за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити и вицепремиерката и министер за култура и информации Маја Гојковиќ.

Можност за дискусија ќе имаат претставници на културни институции, директори, културни работници, продуценти…

На крајот од самитот предвидено е да бидат потпишани договор за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација.

Иницијативата Отворен Балкан предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе