Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници

Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираа за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед на кандидатските листи на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори.

ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе