Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги поддржат уставните измени

Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги поддржат уставните измени и се надеваат дека е можно тие да биде изгласани уште вечерва.

Во преговорите со власта, како што соопшти вечерва на прес-конференција во Собранието, пратеничката Емилија Александрова, успеале да ги одбранат македонските национални интереси.

„Покрај веќе утврдените амандмани на Уставот кои произлегоа од договорот од Преспа денеска се постигна сосгласност со која само нормативно се допрезицира начинот на кој ќе биде впишано државјанството за другите етнички заедници во личните документи. При тоа нашето барање државјанството да остане македонско, да е заштити идентитетот е во целост испочитувано. Се што е договорено веќе е во согласност со постојните уставни и законски решенија, односно постоечкиот амандман 5 во Уставот на Република Македонија“, рече таа.

Додаде дека вистинското место за заштита на националните интереси на РМ денеска се случила токму во Собранието. 

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе