Осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на името велат дека имаат удел и во признавањето на црквата

Овој сон конечно станува реалност и големиот празник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Ова вчера по повод признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) го соопштија осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои во 2018 година гласаа за уставните промени, односно за промена на уставното име на земјава.

Тие велат дека за вакви победи вредела секоја жртва.

„Да се гледа кон иднината не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме“, соопштија поранешните пратеници Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова.

 
 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе