Осумдесетина здруженија и партии во коалиција против уставните измени

Меморандум за соработка за спречување на уставните измени и промена на името на државата потпишаа вчера во Скопје осумдесетина граѓански здруженија од Македонија и од дијаспората и партии. Тие бараат предвремени избори и распуштање на Собранието, а најавуваат организирање на протести и посети на домовите на пратениците од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени.

На овој меморандум потпишани се Единствена Македонија, ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција, Тврдокорни, Христијанско братство, Фронт за демократска Македонија...

На потпишувањето беше истакнато дека со бојкотот на референдумот била извојувана само делумна победа, и дека сега треба да се прејде на протести, но и на предвремени избори кои во никој случај не би требало да ги организира актуелната власт.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе