Оставките на членовите на Владата се поднесуваат до премиерот, вели Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека членот на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на постапка за разрешување, објави Сител. Тој уверува дека оставка се поднесува само до тој го предложил функционерот, а во случајот, министерот Венко Филипче и заменикот Илир Хасани тоа треба да го направат до премиерот Зоран Заев како мандатар за состав на Влада.

Прво и основно, членот на кој се повикува во Деловникот, тој член 184 не е основ за поднесување предлог за разрешување избрано и именувано лице од страна на Собранието. Член 184 се однесува на законодавна постапка и во ставот 3 од членот 184 се вели дека постапката за носење одлука се води како постапка во второ читање на носење Закон. Така што, ова не е основ за емитирање на разрешување. Што се однесува до оставката на избрано, именувано лице, особено на член на Владата, тој оставката ја поднесува до мандатарот, до премиерот зашто надлежноста на Владата, како предлог на Влада е на премиерот, односно мандатарот и до него се поднесуваат оставките. Доколку ги прифати оставките ги доставува Собранието за понатамошна постапка. Го известува Собранието дека НН лице, член на Влада поднел оставка и таа оставка се доставува до Собранието, а на прва наредна седница се констатира престанок на функцијата на дотичното лице.

Во однос на ултиматимот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе предлог-одлука за разрешување доколку Филипче самиот не ја достави оставката до Собранието, Џафери вели дека пратениците може да достават само иницијатива за интерпелација. Според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.

„Јас не можам да ја процесиурам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот“, рече Џафери. 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе