Од кабинетот посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.
Зоран Заев во неделата вечерта по вториот круг од локалните избори изјави дека поднесува оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите изборни резултати, но истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозство се стабилни и продолжуваат да функционираат.