Оставката на Заев нема да се одолговлекува до декември, велат од Кабинетот на премиерот

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од кабинетот на претседателот на Владата, Зоран Заев по разните, како што нагласуваат, неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката. 

Од кабинетот посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата. 

Зоран Заев во неделата вечерта по вториот круг од локалните избори изјави дека поднесува оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите изборни резултати, но истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозство се стабилни и продолжуваат да функционираат.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе