Иницијативен одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

„Оставка на Мицкоски сега! Наместо ново мнозинство, ја посрамоти партијата“

Oставка сега, бара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конрес на партијата реагирајќи на вчерашното гласање за доверба на Владата. „Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сѐ уште актуелниот претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое што тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев. Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш“, реагира Иницијативниот одбор.

Иницијативниот одбор вели дека СДСМ покажа оти нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба.

„Партијата вчера беше посрамена. Нема член на ВМРО-ДПМНЕ кој не се почуствува излажан, изманипулиран, потценет. Се виде дека Мицкоски свесно ширел еуфорија дека успеал да обезбеди мнозинство, иако знаел дека тоа не е вистина. Високи партиски извори на Мицкоски пред две недели преку опозициската ТВ Алфа го брифираа членството дека тој обезбедил 61 пратеник за ново мнозинство, но работел на зголемување на бројот на пратеници, односно дополнително стабилизирање на мнозинството. Самиот Мицкоски уште во октомври лани најави дека разговал со пратеници од владеачката коалиција кои сакале да го напуштат Заев.
Претходно, кон крајот на јули, го убедуваше Централниот комитет дека имал подобра позиција од СДСМ за формирање на влада, па побара и доби овластување да преговара за составување на ново мнозинство. Доколку е и од Мицкоски, многу е", се вели во реакцијата.

Иницијативниот одбор го потсетува Мицкоски на неговите стари изјави кога најави дека ќе се повлече од функцијата доколку не победи и не формира влада и дека не си го одржа зборот.
Потоа, дека изјаваи дека во Штип се брани Македонија „ па Македонија му ја препушти на Симон Поликарп – Џими".

Во соопштението се додава дека Мицкоски немаше став за референдумот, дека нема став ниту за пописот, дека ги загуби претседателските, парламентарните и неколку локални избори, „промовирајќи кадри како Сафет Бишевац и Воислав Зафировски".

„Дојде време, дојде час" се вели во химната на ВМРО-ДПМНЕ. Сега е вистинскиот час, Мицкоски да ја ослободи партијата, да престане да шири раздор и да си замине пред уште еден изборен пораз и дополнителна штета на ВМРО-ДПМНЕ, порачува Одборот и го повикува Мицкоски да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да си замине од функцијата што ја извршува пред да направи дополнителна штета.

„Ниту Македонија, ниту ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат водач кој манипулира и не си стои на зборот. Во ВМРО-ДПМНЕ нема место за такви луѓе, особено не на раководни позиции. Еднаш лажго, секогаш лажго", нагласува во соопштението Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе