Реакција

Османи: Законот за јазици не треба да биде партиска тема, ова не му помага на Мицкоски

Не сум среќен кога Мицкоски зборува на прес конференција за Законот за јазици, изјави вицепремиерот Бујар Османи во вчерашното издание на дебатниот магазин Клик плус на ТВ21.

„Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема“, рече Османи.

Османи демантираше дека рекол оти е можно да има војна ако има проблем со Законот за јазици.

„Тоа се гејк њуз. Пред 2001 имавме носење на одлуки само од една страна. По 2001 година одлуките се носат со консензус и така треба да биде. Со војните завршивме, сега ни треба заеднички јазик“, рече Османи.

Toj посочи дека не може секогаш ДУИ да се бори со прашања кои се од државен интерес.

„Законот за јазици не е обврска на ДУИ, тоа е уставна обврска“, додава Османи.

„ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ има принципиелна соработка“, изјави вицепремиерот. Османи додаде дека доколку Мицкоски излезе од етничките теми, ќе има успех.

Тој рече дека во Северна Македонија има монтирани судски процеси. „За случајот „Алфа" во затвор лежат невини луѓе. Можеби и затоа не сме дел од Европа, поради ваквите судски одлуки. Затоа треба итно да има ветинг", додаде Османи.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе