Османи за „Катимерини“: Преспанскиот и Договорот со Бугарија се завршена работа и нема враќање назад

Грција имаше многу позитивен став на Самитот на ЕУ во октомври. Го потенцирам ова, бидејќи вашата земја ја претставуваше новата влада и сите се плашевме дека ќе има поразличен пристап. Но, ни понуди целосна поддршка за почеток на преговори, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Осамни за грчкиот весник „Катимерини“.

Османи истакнува дека негативниот став на ЕУ во октомври предизвикал „шок и нервоза“ во земјата, додавајќи дека со решавањето на спорот со името очекувањата биле дека ќе се види светло на крајот од тунелот, но се покажало дека тоа било „воз што доаѓа да нè урне“, јавува МИА од Атина.

„Тешките договори што ги постигнавме во мандатот на оваа влада, Преспа, Договорот со Бугарија,како и Законот за албанскиот јазик, беа направени со разбирање дека ако ние ги почитувавме нашите обврски, истото потоа ќе го направеше и ЕУ. Единствениот логичен исход на позитивниот наратив што го изградивме во овој период во координација со ЕУ е почеток на пристапни преговори. Недонесувањето одлука ќе претставува интервенција на ЕУ во изборниот процес“, оценува Османи.

Во однос на Договорот од Преспа, Османи коментира дека е тоа „договор за стратешка партнерска врска“ што создава „бесконечни можности за соработка“. Преспанскиот, заедно со Договорот со Бугарија и Законот за јазиците, според него, се завршена работа и „нема враќање“.

Тој уште додава дека неговата партија ДУИ ќе биде гарант на „трите договори“, независно која партија да победи на изборите. Пренесувајќи ги ставовите на Османи, „Катимерини“ наведува дека тој би сакал „да го види раководството на националистичкото ВМРО да ја следи праксата на Мицотакис, обврзано дека ќе го почитува договорот, ако одново дојде на власт“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе