За дијалогот со Бугарија и односот на САД кон проблемот

Османи: Време е за средба со Захариева, ближи датумот кога Советот на ЕУ ќе носи одлука

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот на ЕУ да донесе одлука, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со неговата бугарска колешка.

Сепак, вели, рано е да се каже каде би се одржала средбата со Захариева и во каков формат и посочува дека е во постојана комуникација со неа. Да не беше пандемијата сигурно досега повеќе пати ќе се видевме, рече Османи.

Во однос на коментарите дека САД го напуштиле Балканот и дека како стратегиски партнер на нашата земја не се вклучи во спорот со Бугарија, Османи рече дека Република Северна Македонија била и останала пример дека, кога САД и ЕУ соработуваат во надминување на разликите и проблемите во регионот, се постигнува исклучителна синергија во надминување на проблемите.

„САД и сега се ангажирани во рамки на меѓународната заедница да го олеснат овој дијалог, но нормално дека станува збор за билатерално прашање, кое се развива во склоп на Договорот потпишан меѓу двете земји во 2017 година, кој јасно ги предвидува механизмите за надминување на разликите. Ние сме во постојан контакт со претставниците на САД, како што сме во постојан контакт и со претставниците на ЕУ и тие се ангажирани и во оваа ситуација, како што секогаш биле ангажирани во надминување на проблемите кај нас“, изјави Османи.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе