Меѓу темите на разговорите се очекува да биде и практичното спроведување на договорите постигнати меѓу Македонија и Бугарија, инфраструктурното поврзување, секторската соработка и европската интеграција на Македонија.
Во рамки на работната посета на Софија, министерот Османи ќе оствари средба и со премиерот на Бугарија Галаб Донев.
Шефот на дипломатијата Османи ќе биде се сретне и со лидерите на главните политички партии на 48. Народно собрание на Бугарија, Бојко Борисов – ГЕРБ, Кирил Петков – „Продолжуваме со промената", Мустафа Карадаи од Движење за права и слободи, Корнелија Нинова од Бугарската социјалистичка партија, Христо Иванов од Демократска Бугарија и Стефан Јанев од „Бугарски подем". Османи нема да има средба само со Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба".