Османи во Софија ја олеснува комуникацијата за побрза идентификација на жртвите во несреќата

Повредените во автобуската несреќа што се случи вчера на автопат во Бугарија се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во изјава за МИА дадена пред болницата „Пирогов“ во Софија, Османи кажал дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со семејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идентификација на жртвите.

Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија.

„Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат започнато. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје“, рече Османи.

Во однос на тоа што може да се направи на дипломатски план, Османи кажа дека веќе се испратени двајца искусни дипломати-конзуларци во Амбасадата за да можат да им помогнат на луѓето.

„Денеска ќе бидам тука и јас, а веројатно и утре за да се олесни координацијата и комуникацијата. Многу е важно се да се заврши навремено и луѓето да бидат информирани“, рече Османи.

Тој потврди дека имаат помош од бугарските власт и се во постојана комуникација.

„Да, апсолутно уште вчера вопоставивме јасна координација меѓу институциите, цело време сме во комуникација и очекуваме така да продолжи и понатаму“, додаде Османи.

Тој уште кажал дека е пуштена нота до бугарското обвинителство да се овозможи и македонските лекари од судска медицина да соработуваат со бугарските.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе