Османи во САД на Генералното собрание на ОН

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, претстојната недела ќе патува во САД, каде ќе учествува на Генералната дебата на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во рамки на посетата, како што информираат од МНР, предвидени се средби и со високите претставници на администрацијата на САД и посебен настан за воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Филипини.

Во рамки на Генералното собрание, Османи ќе учествува и на бројни состаноци на високо ниво, како што е состанокот на Заедницата на демократии, Алијансата за мултилатеризам и на Конференција за поддршка за влегување во сила на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестирања. На агендата на Османи се и повеќе билатерални средби со хомолози од географски подалечни држави.

Османи, како што е најавено од МНР, ќе учествува и на средбата со Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш, а ќе присуствува и на обраќањето на претседателот Стево Пендаровски на Генералната дебата.

Од МНР, исто така, информираат дека посетата на Османи, ќе се искористи и за натамошно промовирање на заложбите на нашата земја, но и на нашите партнери ЕУ и САД, за поддршка на ефективниот мултилатерализам.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе