Османи во работна посета на Рим и Ватикан, ќе разговара и за проширувањето на ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе биде во работна посета на Италија и на Ватикан и на средбите се очекува да се разговара за прашањата поврзани со билатералните односи, иднината на процесот на проширување на ЕУ и  поддршката од Италија за почеток на преговорите на Македонија.

Рим тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи Ди Мајо, како и со членовите на Комисијата за надворешни работи при Долниот Дом на Парламентот, предводени од претседателот на Комисијата, Пиеро Фасино. 

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатено продлабочувањето на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење. 

При посетата и на Светата Столица, Османи ќе има средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.

„Покрај можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица во области од взаемен интерес, а ќе се разговара и за теми засновани врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовно традиции“, соопшти МНР.

Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе се сретне и со претставници на здруженијата на нашата дијаспора, активни во Италија, и со нив ќе разговара за темите од нивен интерес, за нивните потреби, но и идеи. Во фокусот на овие средби ќе биде и пописот на нашите граѓани во странство, и начините за анимирање на што е можно поголем дел од дијаспората во овој процес.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе