Интензивна дипломатија меѓу Скопје и Софија

Османи во постојана комуникација со колешката Захариева за акцискиот план

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е во постојана комуникација со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во поглед на финализација на Акцискиот план, кој е фокусиран на секторската соработка помеѓу линиските министерства како и за евентуално утврдиување на датумот за одржување на втората меѓувладина седница, чии домаќини овој пат е Македонија.

„Јас сум во постојана комуникација со министерката Захариева, меѓутоа и нашите служби комуницираат и во делот на финализирање на текстот, а бидејќи финализирање на текстот сепак е комплексен процес затоа што вклучува многу институции. Секоја институција во својот дел треба да каже дали е тоа во ред или пак треба да има дополнителни измени. Но јас мислам дека 99 проценти од тој акциски план којшто ја содржи тематската, односно секторската соработка, е финализиран. Очекуваме да го финализираме и тој останатиот дел, и да утврдиме датум, се разбира во зависност од агендите на двете влади и ангажманот што го има Владата на Бугарија во однос на изборите", рече Османи на новинарско прашање што содржи Акцискиот план конкретно и кога ќе има средба со Захариева за да го утврдите датумот за меѓувладината конференција.

Запрашан кој е тој еден процент кој не е усогласен од Акцискиот план, Османи појасни дека разликите се технички по однос на предлозите.

„Меѓутоа немаме суштински разлики по однос на пристапот и по однос на содржината што треба да биде дел од тој акциски план во секторската соработка. И затоа сум оптимист дека во наредните денови ќе финализираме тој текст", рече шефот на дипломатијата.

Тој оцени дека со тоа што има дефиниран план, а одредени прашања се реализирани во минатиот период во делот на историската комисија и во делот на секторската соработка, таа седница може да биде плодна и да биде добра основа за враќање на довербата и за продолжување понатаму на соработката помеѓу двете држави, рече Османи.

Во првата фаза од дијалог на двете страни, според него, имало премногу емоции, па затоа е пристапено со нов порационален пристап каде фокусот е ставен токму на секторската соработка помеѓу линиските министерства коишто ќе го подобруваат животот на граѓаните од двете страни на границата.

Запрашан дали на средбата со министерката Захариева ќе разговараат и на политички план односно дали ќе се отворат спорните точки, Османи нагласи дека двете страни постојано разговараат на тие теми.

„Се разбира дека ние постојано ги разговараме тие теми. Не смееме да дозволиме ова да прерасне во замрзнат конфликт. Мојот пристап е да се комуницира, но сепак сега да ставиме акцент таму каде што имаме најмалку разлики. Од секторската соработка зависат судбини на бизниси, на семејства коишто се во дел на таа економска трговска размена со Република Бугарија и ние мора да водиме сметка за нашите граѓани, на инфраструткурните проекти коишто не поврзуваат и со тоа да ја создадеме таа основа на доверба за да потоа полесно разговараме и за овие прашања коишто изгледа содржат повеќе емоции. Очигледно пристапот да се разговара само за овие теми се покажа дека е покомплициран", вели шефот на дипломатијата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе